Најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо повторно не е на списокот на португалската репрезентација за натпреварите во Лигата на нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со ова само се потврдија информациите на португалските медиуми дека ѕвездата на Јувентус ја бојкотора Лигата на нации со изговор дека се фокусира на клупските обврски.
Португалците се надеваа дека Роналдо ќе биде на списокот за одлучувачкиот дуел со Италија за првото место во групата, но селекторот Сантос не го повика и овој пат.
Роналдо нема настап за Португалија од Мундијалот, бидејќи одлучи да одмори од репрезентацијата до крајот на годината.
Португалија на 17-ти ноември и гостива на Италија, а три дена подоцна ја пречекува Полска.