Дома Фудбал Роналдо: Очекував трофеј, но ќе го освоиме следната сезона

Роналдо: Очекував трофеј, но ќе го освоиме следната сезона

Кристиано Роналдо истакна дека е среќен во Ал-Наср, но ја оцени како неуспешна својата прва сезона во Саудиска Арабија.

Португалецот истакна дека е разочаран поради фактот што тимот не стигнал до титулата, но очекува да ја освои следната година.

„Моите очекувања беа малку поинакви да бидам искрен. Се надевав дека ќе освојам нешто оваа сезона, но работите не одат секогаш како што сакате. Понекогаш ви треба страст, желба и упорност за да успеете. Се уште верувам дека следната година ќе се претставиме подобро“.

„Во последните 5-6 месеци тимот се разви многу. Истото може да се каже и за другите тимови во лигата. Се надевав на трофеј оваа година, но тоа не се случи. Но, следниот пат, сигурен сум дека работите ќе се сменат и ќе се претставиме подобро“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…