Кристиано Роналдо неодамна ја доби Златната топка, а најдобриот фудбалер во светот сега откри што му кажал неговиот син.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот кој има 32 години прв пат оваа награда ја освои во 2008 година во дресот на Манчестер Јунајтед, а потоа во 2013, 2014 и 2016 и сега во 2017 повторно стигна до ова престижно признание.
Роналдо до оваа награда стигна после сезоната во кој постигна 49 погодоци на 56 натпревари и запиша 13 асистенција, а со Реал стигна до титулата во Лигата на шампионите и шпанската Примера.
Наградата Роналдо ја прими во Париз, после што им се придружи на својата девојка и Георгина Родригез и својот син.
После освојуањето Роналдо откри што му кажал неговиот син.
„По малку се гледам себе си во Кристиано Јуниор, но не само бидејќи е мој син. Тој ми кажа дека ќе стане подобар од мене и дека ќе ја освои Златната топка пет пати“, откри Роналдо.
На оваа изјава на Ронало може да се додаде и фотграфијата на која може да се види со колкав восхит Кристиано Јуниор ја гледа Златна топка. Фотографијата погледнете ја ТУКА.