Дома Фудбал Роналдо организирал вечера во луксузен ресторан, тројца играчи не се појавиле

Роналдо организирал вечера во луксузен ресторан, тројца играчи не се појавиле

Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието од моментот кога го даде контроверзното интервју кај Пирс Морган, па продолжи со одличниот настап за Португалија на Мундијалот.

Роналдо постигна гол во победата од 3:2 со што стана првиот играч на кого му успеало да постигне гол на пет Мундијали во низа. По тој натпревар Роналдо одлучил да ги почести соиграчите со вечера во луксузен ресторан, а на таа вечера не се појавиле само тројца фудбалери.

Според информациите на британските медиуми на вечерата не се појавиле Хозе Са, Бернардо Силва и Жоао Кансело. Не станува збор за никаков бојкот кон Португалецот, туку тие во Катар се со своите семејства, па сакале со нив да го поминат времето.

Роналдо зад себе има бурен период, а од пред една недела е слободен играч бидејќи Манчестер Јунајтед го раскина договорот со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…