Дома Фудбал Англија Роналдо: Не дојдов во Јунајтед на одмор, туку да освојувам трофеи

Роналдо: Не дојдов во Јунајтед на одмор, туку да освојувам трофеи

Кристиано Роналдо синоќа повторно беше херој на Манчестер Јунајтед на мечот против Аталанта во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо со голот во судиското продолжение ги спаси „црвените ѓаволи“ од уште еден пораз во Лигата на шампиони.

„Среќен сум што се вратив, тука сум два месеци и се чуствувам одлично. Се уште се адаптирам, засега работите одат добро. Исто како повторно да имам 18-19 години, имам голема желба и глад за успех. Овој тим на Јунајтед има голем потенцијал и ќе се обидам на било кој начин да му помогнам на тимот да освојува трофеи“, изјави Роналдо.

„Не дојдов во Јунајтед на одмор, туку да освојувам трофеи. Ако сите мислиме на тој начин сметам дека е можно да постигнеме. Треба да мислиме позитивно и да бидеме сите како еден. Кога играш во овој клуб имаш одговорност да освојуваш трофеи и да се однесуваш професионално“, додаде Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…