Дома Фудбал Роналдо не е со тимот пред дербито со Сити

Роналдо не е со тимот пред дербито со Сити

Манчестер Јунајтед доби тежок удар пред гостувањето кај градскиот ривал Манчестер Сити.

Како што пренесуваат островските медиуми, Кристиано Роналдо не се појавил со тимот во карантин пред мечот со „граѓаните“ и ќе го пропушти денешното дерби.

Официјалната информација е дека Португалецот се уште не заздравил од повредата што ја заработи на дуелот со Ватфорд, но англиските медиуми тврдат дека има дрга позадина, односно дека тој не е во добри односи со менаџерот Ралф Рангник.

Дербито ќе го пропушти и Едисон Кавани поради повреда, па многу веројатно дека Маркус Рашфорд ќе игра како централен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …