Дома Топ вести Роналдо: Нема да гласам за Зидан за најдобар тренер на годината!

Роналдо: Нема да гласам за Зидан за најдобар тренер на годината!

Кристиано Роналдо е главен кандидат за „Златната топка“ оваа сезона откако стана европски шампион и со Реал Мадрид и со португалската репрезентација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Токму предводниците на овие два тима Зинедин Зидан и Фернандо Сантош се најдоа во тесниот избор за најдобар тренер на годината, а ѕвездата на „кралскиот“ клуб јавно откри за кого ќе го даде својот глас.

„И Зидан и Сантош имаа феноменална година. Сепак, јас мислам дека многу е потешко да освоиш едно Европско првенство, отколку Лига на шампиони. Зидан исто така одработи одлична сезона, но нема да гласам за него во изборот за најдобар тренер на годината. Мојот глас ќе му го дадам на Сантош. Се надевам нема да се налути Зизу, верувам дека и тој исто ќе одбереше да беше на мое место“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …