Дома Останати Кошарка НБА Роналдо: Коби беше инспирација и легенда

Роналдо: Коби беше инспирација и легенда

Светот е во шок после тешката несреќа во која вчера по наше време се случи во Америка.

Животот го изгуби легендарниот Коби Брајант, а со него загина и неговата ќерка како и уште седум лица кои биле во хеликоптерот.

Наводно условите за летот биле отежнати поради густата магла и тоа е главната причина за несреќата.

Помеѓу големите спортисти кои се простија од Коби е и Кристиано Роналдо.

„Толку е жално да се слушне веста за смртта на Коби и неговата ќерка Џана. Коби беше вистинска легенда и инспирација на многу луѓе. Испраќам сочуство до неговото семејство и пријатели, како и на сите семејства на оние кои го загубија животот во несреќата. Почивај во мир легендо“, напиша Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нико Гонзалес потпиша нов договор со Јувентус до 2030 година

Јувентус официјално потврди дека аргентинскиот репрезентативец Нико Гонзалес потпиша нов д…