Дома Фудбал Останато Роналдо испрати порака до фудбалерот на Ајакс кој една година беше во кома (ВИДЕО)

Роналдо испрати порака до фудбалерот на Ајакс кој една година беше во кома (ВИДЕО)

Aпи Ноури, младиот талент на Ајакс беше тешко повреден летото 2017 година во пријателскиот натпревар против Вердер. Тогаш се сруши на теренот, а со брзата реакција на лекарите му беше спасен животот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој при губењето на свеста претрпе оштетување на мозокот и скоро една година година беше во кома. Оваа вест жестоко го потресе комплетниот спортски свет, а посебно Ајакс и соиграчите на Ноури.

Денес е врзан за кревет и не може да ја продолжи кариерата, пред неколку дена го прослави 22-тиот роденден.

Во таа чест со мало задоцнување порака му испрати и Кристиано Роналдо.

„Здраво Ноури, јас сум Кристиано. Ти посакувам среќен роденден и брзо опоравување, се најдобро“, порача Португалецот.

Утре Ајакс го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Јувентус на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико со одговор до Алварез и Барселона: Може, но за половина милијарда евра

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Џулијан Алварез (26), кој е објект на интерес на Арсенал, Барселона …