Кристиано Роналдо ги демантираше шпекулациите дека сака да си замине од Јувентус после раната елиминација во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот ги започна подготовките за новата сезона е сконцентриран на Јувентус и испрати моќна порака, која сигурно ќе им се допадне на фановите.
Роналдо како и секогаш има амбиција да освојува трофеи и да поставува нови рекорди.
„Се подготвувам за третата сезона како бјанконеро. Духот и амбициите ми се на високо ниво како и обично. Голови. Победи. Одговорност. Професионализам. Со целата сила и со помошта на соиграчите и стручниот штаб работиме повторно да ја покориме Италија, Европа и светот“, напиша Роналдо.