Дома Трансфер зона Роналдо има изненадувачки предлог за Реал – Во Мадрид сака да го види летното промашување на Милан

Роналдо има изненадувачки предлог за Реал – Во Мадрид сака да го види летното промашување на Милан

Португалецот сака да го засили својот „клан“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кристиано Роналдо повторно одлучи да се вмеша во трансфер политиката на Флорентино Перез, а сега има нова желба.

Реал Мадрид во последно време се поврзува со Мауро Икарди, меѓутоа на Роналдо не му се допаѓа Аргентинецот и сака во Мадрид да го види Андре Силва кој не е во прв план во Милано.

Андре Силва минатото лето пристигна во Милано од Порто како големо засилување за сума од 38 милиони евра, но сепак Португалецот не ја оправда вложената сума.

Постигна седум погодоци на 18 натпревари во сите натпреварувања, но ниту еден во Серија А, па не е ниту чудо што е резерва кај Гатузо.

Роналдо смета дека Андре Силва има потенцијал да го засили нападот на „кралевите“ и дека може да го оправда прекарот кој го доби во времето додека го носеше дресот на Порто, „новиот Роналдо“.

Силва во дресот на Порто одигра 58 натпревари и постигна 24 погодоци во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…