Атлетико Мадрид вчера играше пријателски натпревар против Нумансија, натпревар кој овој тим го доби со 4:0.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа овој натпревар не привлече внимание поради резултатот или нешто на теренот, туку поради транспарентот кој го истакнаа навивачите на Атлетико Мадрид.




Подолго време Кристијано Роналдо се поврзува со заминување од Јунајтед, во игра беа повеќе клубови, меѓу нив и Атлетико, барем според она што се пишуваше во медиумите. Подоцна претседателот на Атлетико Енрике Церезо, тврдеше дека тие приказни се измислици.




Сега и навивачите на Атлетико покажаа што мислат за евентуалното доаѓање на Португалецот.




„КР7, не си добредојден!“, гласаше нивната порака.