Дома Топ вести Роналдо го советува Јуве да купи Хрват, а тоа не е Модриќ

Роналдо го советува Јуве да купи Хрват, а тоа не е Модриќ

Шпанскиот медиум „Дон Балон“ тврди дека Кристиано Роналдо им препорачал на челниците на италијанскиот клуб да го донесат хрватскиот репрезентативец.

Не станува збор за неговиот поранешен соиграч Лука Модриќ, туку за играчот на Барселона, Иван Ракитиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека Ракитиќ не е задоволен во Барселона бидејќи се уште не добил нов договор, иако ова лето одби богата понуда од ПСЖ.

Роналдо смета дека Ракитиќ би бил идеално засилување за „старата дама“ и ги советува раководството да направи напори да го донесе во Торино.

Истиот извор пишува дека Јувентус е свесен дека ќе има жестока конкуренција за потписот на Ракитиќ, бидејќи ПСЖ е спремен да плати 100 милиони евра за Хрватот.

Прашање е дали Каталонците ќе дозволат да го загубат еден од клучните играчи во тимот или сепак ќе му понудат нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видео кое покажува со каква болест се бори Џоел Ембид 🎥

По личниот рекорд во плејофот од 50 поени, Џоел Ембиид на прес-конференција објави дека се…