Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо може повторно да заврши во затвор, бидејќи не плаќал пари на својата поранешна девојка, твдат бразилските медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тие откриваат дека тој мора да го „среди“ долгот со Присила Коељо до 1 декември за да избегне одземање на негов имот и затворска казна.




Адвокатот на Коељо потврди дека „дојде време да се плати“, посочувајќи дека бразилскиот суд утврдил дека тој треба да и плаќа околу 15.000 евра месечно според законот кој утврдил дека таа му е „сопруга од обичајно право“.




Бидејќи Роналдињо не плаќал ништо, доколку до 1 декември не ги подмири долговите, може да заврши во затвор. Бразилската легенда веќе неколку месеци помина во затвор и тоа во Парагвај, поради факсификување на лични документи.