Дома Фудбал Роналдињо го откри својот фаворит за Златната топка

Роналдињо го откри својот фаворит за Златната топка

Еден од најомилените фудбалери на сите времиња, легендарниот Бразилец Роналдињо се вклучи во дебатата за тоа кој би можел да биде следниот добитник на Златната топка. Некогаш најдобриот играч на светот навива за Килијан Мбапе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ за АФП изјави дека Мбапе „може да ја освои Златната топка со кој било тим“, но сепак има една желба.

„Го сакам ПСЖ и би сакал тоа да го направи со нив. Тој ми е добар пријател и многу добар играч. Ми се допаѓа неговиот стил на игра. Логично, освојувањето на големи турнири ќе му помогне да го освои овој трофеј“, изјави Бразилецот за АФП.

Килијан Мбапе го зазеде третото место во последниот избор, зад рекордерот Лионел Меси и Ерлинг Халанд. Оваа сезона Мбапе постигна 18 гола на 18 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …