Дома Фудбал Останато Роналдињо верува дека Јунајтед може да ја победи Барселона!

Роналдињо верува дека Јунајтед може да ја победи Барселона!

0

Манчестер Јунајтед утре и гостува на Барселона на „Камп Ноу“ во реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони.

Каталонците славеа на „Олд Трафорд“ со 1:0, па „црвените ѓаволи“ ги задржаа минималните шанси да се обидат да победат на „Камп Ноу“.

Бившата ѕвезда на Барселона, Роналдињо исто така верува дека Манчестер Јунајтед има свои шанси.

„Вистина е дека Барселона требаше да ја заврши работата во Манчестер, а не да слаби само со 1:0. Јунајтед и понатаму ќе верува дека има свои шанси“, тврди Роналдињо.


Следете го Sportski.mk и на


„Кога се гледа начинот на кој игра Барселона бројот на голови кој го постигнува, очекувам дека подобро ќе игра на вториот меч и лесно ќе победи на Камп Ноу“.

„Ако Барса постигна прва гол, тогаш тоа ќе биде долга вечер за Јунајтед. Но, ако Јунајтед прв постигне гол, тогаш на стадионот сите ќе станат нервозни и никогаш не знаете што може да се случи“, заклучи Бразилецот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Диего Коста направи уште еден голем скандал

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста денеска направи уште еден голем скандал. Бразиле…