Рома е во потрага по засилување на крилните позиции и се насочи кон бивш фудбалер на Манчестер Сити, кој блеска во Бундес лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, директорите на Рома започнале преговори со Херта за трансфер на крилниот напаѓач Џавајро Дилросан. Постои оција Холанѓанецот да се пресели на „Олимпико“ на позајмица со право на откуп, но можно е Рома да го купи играчот веднаш.
Дилросан веќе втора сезона е во Херта, а претходно беше дел од школата на Манчестер Сити. Меѓутоа, не доби шанса од Гвардиола во првиот тим, па си замина од „Етихад“ како слободен агент.
21-годишниот Холанѓанец игра одлично во Херта и оваа сезона на 15 настапи постигна 3 гола и запиша 2 асистенции, а дебитираше и за холандската репрезентација.