Дома Актуелно Рома не може да најде тренер, тренинзите се одложени

Рома не може да најде тренер, тренинзите се одложени

Хрватскиот тренер Иван Јуриќ ја напушти Рома, а управата мака мачи да го најде неговиот наследник. Според италијанските медиуми, тренингот и собирот на играчите се одложени за четврток. Јуриќ доби отказ по поразот од Болоња со 3:2 во последното коло. Неговиот отказ му беше врачен еден час по натпреварот.

Рома е во потрага по четврти тренер оваа календарска година. На клупата на италијанскиот великан се наредија Жозе Мурињо, Даниеле де Роси и Иван Јуриќ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Планот беше играчите што побрзо да се вратат на тренинзи, но вратите од тренинг кампот на Рома остануваат заклучени.

Потенцијални кандидати за клупата на Рома се турскиот тренер Винченцо Монтела и Роберто Манчини кој моментално нема договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Уште се чека „Камп ноу“: Барселона следниот меч ќе го игра на друг стадион

Натпреварот од петтото коло на Ла Лига меѓу Барселона и Хетафе нема да се игра на стадионо…