Дома Фудбал Рома можеше да ни се доближи само со играч повеќе

Рома можеше да ни се доближи само со играч повеќе

Милан синоќа победи на гостувањето против Рома со 2:1 за перфектен старт на сезоната после првите три кола.

„Росонерите“ беа доминантни во првите 60 милинути, имаа водство од 2:0, но во тие моменти беше исклучен Факијо Томори поради втор жолт картон.

Рома и со играч повеќе не успеа да направи изгледни шанси и само го ублажи поразот во судиското продолжение.

„Резултатот е многу важен за нас, но презадоволни сме и од перформансите кои ги прикажуваме. Рома можеше да ни се приближи само кога останавме со 10 играчи на теренот, но и во таква ситуација, успеавме да одговориме под притисок и покажавме посветеност. Задоволни сме од тоа што го правиме досега, но и свесни дека уште можеме да се подобриме“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…