„Кориере дело Спорт“ објави дека Жозе Мурињо ќе добие отказ доколку не го победи Калјари во следното коло во Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанскиот весник објави дека му се „тресе“ столчето на португалскиот тренер, а како негов наследник беше посочен поранешниот германски селектор Ханси Флик.
Рома, сепак, демантира дека ќе се случи такво нешто и соопшти дека Мурињо ќе остане тренер без разлика на резултатот.
Мурињо има договор со екипата од Рим до јуни 2024 година.