Дома Фудбал Романо: Еве колку Мбапе ќе заработува годишно во Реал

Романо: Еве колку Мбапе ќе заработува годишно во Реал

Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе следното лето ќе го напушти ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спортските медиуми и инсајдерите тоа го најавуваат со месеци, а тоа го потврди и тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

„Изгледа дека иднината на Килијан не е тука во Париз, па моравме да ја тестираме тактиката. Нему не му треба тренер, тој е играч кој ќе даде 50 гола во сезона и ќе собере 25 асистенции, без да му кажеш. Тој е најдобриот играч на светот во последната третина од теренот“, изјави Енрике.

Најизвесно е дека Мбапе (25) на лето најверојатно ќе замине во Реал Мадрид како слободен играч. Оваа сезона постигна 38 гола на 37 натпревари и се очекува да биде лидер на тимот во Мадрид, а Фабрицио Романо тврди дека главните детали од договорот се веќе договорени.

Италијанскиот трансфер инсајдер на својот блог пишува дека годишната плата на Мбапе ќе биде во ист опсег како и на другите главни асови на тимот, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, која со различни бонуси изнесува околу 24 милиони евра годишно.

Но, тоа не се единствените пари што ќе ги добие Мбапе. Бидејќи во неговиот трансфер нема да има обештетување на друг клуб, се очекува таксата за потпишување на договорот да биде над 100 милиони евра.

Реал нема да мора веднаш да му ја исплати таа неверојатна сума, туку на рати додека трае договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Данска: Ериксен повторно колабираше среде натпревар! (Видео)

Во 66. минута од натпреварот, Ериксен падна пред шеснаесетникот на Украина. Зошто проблемо…