Дома Фудбал Лига на шампиони Родриго откри како Модриќ го „пецнал“ Салах после финалето во ЛШ

Родриго откри како Модриќ го „пецнал“ Салах после финалето во ЛШ

Крилото на Реал Мадрид, Родриго откри интересна анегдота од финалето во Лигата на шампиони против Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал ги победи „црвените“ со 1:0, а Модриќ после мечот го „пецнал“ Мохамед Салах, кој даваше неумерени изјави пред финалето.

Како што е познато Египќанецот се закануваше со одмазда за поразот во финалето од 2018 година, но повторно беше поразен.

„Кога заврши финалето во Лигата на шампиони направивме шпалир за играчите на Ливерпул. Салах поминуваше со наведната глава, а Модриќ, кој беше од другата страна, го поздрави и му рече: Следниот пат обиди се повторно“, откри Родриго.

„Кога некој те провоцира сакаш да победиш уште повеќе. Неговите изјави ни беа мотивација. За време на тренинзите се шегувавме „Дојди Салах, дојди Салах““, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн испрати понуда за Батурина, Комо не размислуваше долго!

Како што пишува италијанскиот новинар Матео Морето, за талентираниот фудбалер сериозно се …