Дома Фудбал Германија Родригез: Оваа сезона сакаме да ја освоиме ЛШ

Родригез: Оваа сезона сакаме да ја освоиме ЛШ

Колумбијецот Џејмс Родригез јасно даде до знаење дека во новата сезона амбициите на Баерн се поголеми од претходната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците претходната сезона го освоија само насловот во домашното првенство, а Родригез и друштвото се свесни дека тоа не смее да се повтори за клуб како Баерн.

„Лига на шампиони е доста тешко натпреварување, но тим како Баерн мора да оди на тоа да го освои трофејот. Небитно кој е противник , секогаш мора да играме на победа.“ – изјави Родригез и додаде:

„Во првенството најсериозен противник ќе ни биде Борусија. Но, фокусирани сме на себе, целта ни е да бидеме најдобри.“

Родригез минатата сезона за Баерн одигра 39 натпревари, а притоа запиша осум погодоци и 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Каде е Меси, нека биде и тој во ВАР-собата“: Објавата на ФИФА предизвика хаос на мрежите, ја видоа повеќе од 30 милиони луѓе

ФИФА ги објави судиите за дуелот помеѓу Франција и Мароко, а одлуката сите арбитри да бида…