Дома Фудбал Останато Робињо раскажува: Како Реал му го уништил трансферот во Челзи – Шеикот во Сити ги сакал Кака и Меси!

Робињо раскажува: Како Реал му го уништил трансферот во Челзи – Шеикот во Сити ги сакал Кака и Меси!

Кога во 2005 година дојде во Реал Мадрид од Сантос како најбаран во бразилскиот фудбал на името на Робињо беа прикачени големи очекувања. Меѓутоа неговата кариера отиде во друга насока и талентот кој ветуваше дури и Златна топка не се претвори во нешто повеќе.

Неговиот учинок во Мадрид не беше лош (35 голови и 17 асистенции) меѓутоа очекувањата беа далеку поголеми. Робињо сега откри дека Реал Мадрид не му дозволил да премине во Челзи кога заминувал.

„Мојата цела беше да одам во Челзи. Солари ми кажа дека би направил разлика во тимот. Но Реал Мадрид не ги заврши најдобро преговорите. Не им се допадна тоа што Челзи продаваше дресови со моето име пред договорот да биде постигнат. Не жалам што го напуштив Реал, но жалам за начинот на кој заминав. Реал е клубот кој ми ја отвори вратата и ми даде прилика да ја освојам Европа“, зборува Робињо.

Место во Челзи, Робињо во трансфер вреден 43 милиони евра завршил во Манчестер Сити. „Граѓаните“ во тие моменти граде проект кој го донесе клубот на нивото на кое е денес, а Бразилецот беше една од првите ѕвезди.

„Неколку пати разговарав со шеикот Менсур. Ми кажа дека сака да доведе засилувања како Кака и Меси. Жалам што не му ја донесов титулата на Сити, тоа е единствената работа која ме прави тажен“, објасни Робињо.

Потоа зборуваше за животот во Манчестер.

„Ми се допадна Манчестер, клубот, рестораните…Но, да не ги заборавиме и дискотеките. Сакав да се забавувам. Меѓутоа, Англичаните излегуваа повеќе од нас Бразилците. Џо Харт цело време излегуваше, исто Мика Ричардс и Шон Рајт Филипс. Меѓутоа кога ќе излезевме ние Бразилците секогаш не фаќаа“, приза Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Офанзивен и моќен тим: Најдобрата 11-ка од странците кои играле во Премиер лигата (ФОТО)

Во месецот кој само што започна ќе се вратат најдобрите првенства во Европа, а помеѓу нив …