Дома Фудбал Робертсон: Атлетико славеше како да е веќе во четвртфинале, а треба да дојде на „Енфилд“

Робертсон: Атлетико славеше како да е веќе во четвртфинале, а треба да дојде на „Енфилд“

Ливерпул вчера доживеа пораз од Атлетико Мадрид со 1:0 и пред своите гледачи нема да има лесна задача да го сврти резултатот во своја корист.

После натпревар бекот на Ливерпул, Енди Робертсон зборуваше за примениот гол и за реваншот.

„Со голот после корнерот им дадовме прилика за одличен старт и тоа за нив значеше поголема самодоверба и поголема поддршка од навивачите. Како што одминуваше натпреварот тие правеа се за да го умртват ритамот“.

„Не одигравме лошо, но знаеме дека можеме и подобро и имаме реванш за да го докажеме тоа. Вечерва тие по победата славеа како да се пласирале во четвртфиналето, сепак треба да дојдат на „Енфилд“ каде што ќе имаме голема поддршка од нашите навивачите“, изјави Робертсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …