Дома Фудбал Роберто Мартинез: Азар ќе ја промени иднината на шпанскиот фудбал

Роберто Мартинез: Азар ќе ја промени иднината на шпанскиот фудбал

0

Селкторот на Белгија, Роберто Мартинез е убеден дека Реал Мадрид направил вистински потег со ангажманот на Еден Азар.

Реал Мадрид денес го претстави Азар на спектакуларен начин пред преполн „Сантиаго Бернабеу“.

„Тој е ѕвездено засилување. Има многу играчи со талент да играат во Реал Мадрид, но нема толку многу кои можат да бидат лидери во еден клуб како овој. Еден Азар има силен карактер. Тој има магија и менталитет на победник“, истакна Мартинез.

„Азар ќе ја смени иднината на шпанскиот фудбал. Тој даде лекција за трпение и вистински вредности. Неговиот сон беше да игра за Реал уште од дете бидејќи му се восхитувал на Зидан како фудбалер. Зидан и Азар сигурно ќе имаат посебен однос, со голема почит“, заклучи белгискиот селектор.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тоа е таа елеганција: Зидан покажа дека уште има магија во нозете (ВИДЕО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан ужива во деновите од одморот пред напорната сезона која …