Дома Македонски спорт Мак ракомет РК Вардар за изборот на битолските судии во дербито: За нас никогаш не било важно кој дели правда!

РК Вардар за изборот на битолските судии во дербито: За нас никогаш не било важно кој дели правда!

Во недела во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра првата пресметка меѓу Вардар 1961 и Пелистер оваа сезона. 

За изборот на судиите денес се огласи РК Вардар порачувајќи дека верува во изборот на официјалните лица, иако потенцираше дека досега на дерби натпреварите на Вардар секогаш правда делелеле Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, најдобриот судиски пар.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


За овој дуел РФМ одлучи да судат битолчаните, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.

„Пред неделното ракометно дерби со Еурофарм Пелистер, кое е најголемото ракометно ривалство во Македонија, и по делегирањето на официјалните лица на натпреварот ракометниот клуб Вардар сака да даде поддршка на спортскиот аспект на натпреварот.

Вардар верува дека целиот меч ќе мине во крајно коректна и спортска атмосфера, и официјалните лица делегирани за овој меч ќе бидат на висината на својата задача, исто како и сите други учесници на мечот.

Македонија секогаш имала квалитетни судии, а меѓу нив се двојката Митревски – Тодоровски кои ќе бидат дел од нашиот ракометен дуел. Со своето знаење, искуство и интегритет многупати досега покажале дека се зрели за вакви натпревари. Ние ќе се обидеме да им овозможиме да имаат што е можно полесна задача.

На дерби средбите на кои играл Вардар секогаш правдата ја делеле најдобрите, најчесто Николов – Начевски, моментно најдобриот светски судиски пар. За нас никогаш не било важно кој ја дели правдата, и кој е делегат, и затоа сакаме да им дадеме целосна поддршка на официјалните лица и да им посакаме успешен натпревар, каде треба да победи моментно подобрата екипа.

Ќе се бориме за секоја топка и на секој сантиметар од теренот. Треба да победи спортот и ракометот.

Од навивачите на двата тима очекуваме подеднакво спортско однесување на трибините, и заеднички да се направи вистинска ракометна фешта.

Ве очекуваме во недела во СЦ „Јане Сандански““, стои во обраќањето од вардарци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барса купува играчи, а не им плаќа на клубовите

Пред неколку години УЕФА воведе финансиски ферплеј со цел да ги спречи клубовите да трошат…