Дома Фудбал Ришарлисон: Поразот од Хрватска беше потежок од загуба на член од семејството

Ришарлисон: Поразот од Хрватска беше потежок од загуба на член од семејството

Напаѓачот на Бразил и англиски Тотенхем, Ришарлисон се уште не може да се помири со поразот од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Бразилецот за „ЕСПН“ даде во најмала рака чудна изјава која отсликува колку болен бил поразот за нив од Хрватите.

„Беше тоа тежок удар. Мислам дека беше полошо отколку кога ќе изгубиш член на семејството. Беше тешко да се опоравам.

И ден денес кога ќе видам видео на друштвените мрежи од тие моменти се растажувам. Но мораме понатаму. Се уште сум млад и верувам дека имам едно или две светски првенства пред себе“, изјави Ришарлисон.

Бразил на Мундијалот дојде како фаворит за титулата, групата лесно ја поминаа, потоа славеа со 4:1 проти Јужна Кореја, па дојде поразот од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…