Пред фудбалската репрезентација се два важни натпревари во квалификациите за Светското првенство, Лихтенштајн и Германија.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Против Лихтенштајн ќе играме на гостински терен во петок на 8. октомври, додека Германија ќе ја пречекаме на 11. во Скопје. Напаѓачот Милан Ристовски го истакна првиот натпревар со Лихтенштајн како најважен.




„Натпреварот со Лихтејнштајн ќе биде најважен. Ако победиме на тој натпревар ќе влеземе против Германија со една добра атмосфера. Нема полесен или потежок натпревар, секој натпревар има своја тежина. Ние треба да го дадеме својот максимум, да се покажеме во вистинско светло и се надевам дека ќе остариме добар резултат. Кога играте за репрезентација, претставувате држава и притисок треба да има, секој фудбалер се носи со тоа“, изјави Ристовски.