Дома Македонски спорт Ристовски го продолжува договорот со Спортинг!

Ристовски го продолжува договорот со Спортинг!

Заменик капитенот на репрезентацијата на Македонија Стефан Ристовски запиша асистенција во победата на Спортинг против турски Башакешир, а денес португалските медиуми објавија дека дефинитивно ќе потпише нов договор со Спортинг.

Ристовски пред две ипол години дојде во Спортинг од Ријека и има договор до летово, но и клазула во него Спортинг ако сака да му продолжи соработката. Раквоодството на Спортинг сега донело одлука да го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец.

Медиумот „Рекорд“ е медиум кој важи за близок до португалскиот клуб, па сега се очекува само официјализирање на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…