Дома Фудбал Ристовски во солзи по натпреварот. На маицата натпис со посвета на својата покојна мајка

Ристовски во солзи по натпреварот. На маицата натпис со посвета на својата покојна мајка

Динамо со реми 1:1 на Максимир го елиминира Бетис и се пласираше во осминафиналето од Конференциската лига.

Загрепскиот клуб пред една недела го победи Бетис во Севиља со 1:0 и така мина со вкупен резултат 2:1. Бетис поведе на Максимир со голот на Седрик Бакамбу, а Такуро Канеко погоди за Динамо.

Долгогодишниот играч на Динамо Стефан Ристовски во солзи го дочека крајот на натпреварот. Македонскиот фудбалер ја загуби мајка си на крајот на минатата година.

Таа почина по тешко боледување. Стефан ѝ ја посвети оваа победа со натпис на својата маица „Среќен роденден, мамо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Франција удри по Мбапе: Купува гласови за „Златната топка“

Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен, предизвика бура во ј…