По подолго време Стефан Ристовски не беше во А-селекцијата, како што е познато Ристовски се повлече поради несогласувања со селекторот Благоја Милевски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Ристовски исто така било чудно што во време на репрезентативната пауза тој немал обврски, а тоа го зборуваше во интервјуто за „Вечерњи лист“.
„Оваа нова ситуација за мен е чудна. Доаѓа паузата и мене во главата веќе ми е патот и натпреварите со репрезентација, но сега се е мирно. Сега сум само играч на Динамо и сакам да бидам посветен. Одморот добро ми дојде. Во репрезентацијата се случија некои работи, но повеќе на таа тема не би сакал да зборувам“, изјави Ристовски.
Беше запрашан и дали влијаел на одлуката на Адеми да се врати во Динамо по кратката епизода во Кина.
„Не го наговорив да се врати, важно е што Аки се врати таму каде што му е местото и каде што срцето му кажа“, изјави македонскиот фудбалер.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА РИСТОВСКИ – ТУКА.