Франк Рибери летоска после 12 години го напушти Баерн Минхен и потпиша за Фиорентина.
Иако веќе има 36 години Рибери покажа дека се уште не е за пензија, а во Серија А беше прогласен за играч на месецот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тој репрезентативната пауза ја искористи да го посети Минхен, каде уште живее неговото семејство.
Пред неколку дена Рибери објави видео како игра фудбал со својот син, но и кон него нема милост. Прво му ја протна топката низ нозе, а потоа постигна погодок.