Дома Македонски спорт Рејчел Стојанов одлично ја претстави Македонија на СП во гимнастика (видео)

Рејчел Стојанов одлично ја претстави Македонија на СП во гимнастика (видео)

0

Најдобрата македонска гимнастичарка Рејчел Стојанов имаше одличен настап на Светското првенство во гимнастика, кое се одржува во Баку.

16-годишната охриѓанка имаше одличен настап во ритмичка гимнастика на партер и ја претстави Македонија во најдобро светло.

Рејчел во април забележа одлично остварување на првиот митинг на Светскиот Куп во ритмичка гимнастика кој се одржуваше во Италија. Тоа беше нејзин прв сениорски настап и тоа во најсилна можна конкуренција.

Резултатите на Рејчел не се случајност затоа што својот талент таа го надградува со работата со најтрофејниот тренер во историјата на ритмичката гимнастика, Нешка Робева. Робева во својата кариера може да се пофали со освоени повеќе од 250 медали на разни турнири.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Младите каратисти тргнаа за Чиле на јуниорското СП

Младите каратисти до 21 година ги завршија подготовките за јуниорското Светско првенство и…