Дома Фудбал Ретко видени сцени: Судијата ги тешеше фудбалерите на Украина по поразот од Велс

Ретко видени сцени: Судијата ги тешеше фудбалерите на Украина по поразот од Велс

Репрезентацијата на Украина, земја каде што веќе три месеци се води војна по инвазијата на Русија не успеа да се пласира на Светското првенство.

Украина вчера во натпревар во кој не одигра лошо беше поразена од Велс со 0:1. Овој пораз предизвика многу емоции кај фудбалерите кои имаа огромна желба да го израдуваат својот народ.

До победата Велс дојде со автоголот на Јармоленко после еден слободен удар на Бејл. За Велс ова ќе биде прво учество на едно Светско првенство после 64 години. Натпреварот украинските фудбалери го дочекаа во солзи, а беше забележана и ретка сцена во која главниот судија Матеу Лахоз ги тешеше фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …