Дома Фудбал Останато Репрезентативна пауза, па викенд од соништата за фудбалските фанатаци!

Репрезентативна пауза, па викенд од соништата за фудбалските фанатаци!

Наредниот викенд следи пауза во најсилните фудбалски лиги поради должноста на фудбалерите кон репрезентациите, но потоа ни следи навистина „пеколен“ викенд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато наредниот викенд е предвиден за квалфикациските натпревари за Светското првенство во Русија, па поради тоа нема да гледаме клупски фудбал.

Сепак, кога ќе се завршу паузата, ни следи фантастичен викенд исполнет со неколку дерби средби во најсилните лиги во светот.

Во секоја од најдобрите пет лиги ќе гледаме по некое дерби. Во Франција на програмата е натпреварот помеѓу Лион и Монако кој се игра на 13ти во петок. Потоа во саботата ќе го гледаме големото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, како и дербито во Бундеслигата помешу Борусија Дортмунд и Лајцпиг, а тука се уште натпреварите, помеѓу Јувентус и Лацио, Рома и Наполи во Италија, како и Атлетико Мадрид против Барселона во Шпанија.

Во неделата повторно не очекува големо дерби и тоа градско помеѓу Интер и Милан.

Сигурно дека фудбалските фанатаци после ова со нетрпение ќе го чекаат викендот кој следи после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …