Дома Фудбал Редок случај: Ги одби Барса и Ливерпул поради Вулверхемптон

Редок случај: Ги одби Барса и Ливерпул поради Вулверхемптон

Во последно време ретки се фудбалерите кои ги одбиваат понудите на европските гиганти поради верност кон клубот.

Последниот таков пример е Адама Траоре, кој летово ги одбил понудите на Ливерпул и Барселона за да остане во Вулверхемптон.

Поради тоа „волците“ сакаат да го наградат и веќе спремија нов договор со значително зголемување на платата.

Според медиумите, „волците“ се подготвени на 24-годишниот Шпанец да му понудат 4-годишен договор со плата од 110 илјади евра неделно.

Траоре во Вулверхемптон пристигна пред две години од Мидслборо, а претходно играше за Астон Вила и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома без неколку адути во Удине: Гасперини повика пет тинејџери

Меѓу 22-та фудбалери за гостувањето кај Удинезе има и петмина помлади од 20 години. Дибала…