Од Бразил можеби започнува еден вид на револуција во фудбалот, техничката комисија во оваа земја донесе одлука клубовите од најсилните дивизии да не можат да менуваат повеќе тренери во една сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според најновото правило клубовите ќе можат да ангажираат само еден тренер во една сезона. Според планираното клубот ќе може да назначи повеќе од еден тренер само ако следниот доаѓа од младинската школо или ако тренерот сам реши да замине.
„Веруваме дека ова е реформа која ќе донесе промени на подобро во бразилскиот фудбал. Никој резултат и успех не може да дојде преку ноќ. Од честото менување тренери сите губат“, соопшти Роижерио Кабокло, првиот човек на бразилската фудбалска федерација.