Дома Топ вести Реал спреми понуда за Мбапе, пари и една ѕвезда

Реал спреми понуда за Мбапе, пари и една ѕвезда

Реал Мадрид на лето спрема големи промени во играчкиот кадар и сигурно ќе пристигне една голема ѕвезда.

Познато е дека најголема желба на „кралскиот“ клуб е Килијан Мбапе, па Реал веќе спрема понуда за младиот Французин.

Мбапе се уште не го продолжил договорот со ПСЖ и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а тоа им дава поголема надеж на „кралевите“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е спремен да испрати понуда до ПСЖ. Притоа, покрај голема сума на пари „кралевите“ се спремни во Париз да го испратат и Винисиус Јуниор.

ПСЖ сака да го ангажира Лео Меси и наскоро ќе потпише нов договор со Нејмар, а тоа би можело да значи дека Мбапе ќе го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Големо интервју на Перез – детално ја објаснува идејата за Суперлигата!

Во претходните денови се крена многу прашина откако 12 клубови се решија да формираат ново…