Дома Трансфер зона Реал следната сезона ќе изгледа многу моќно, но еве зошто Зидан се одлучи за Погба

Реал следната сезона ќе изгледа многу моќно, но еве зошто Зидан се одлучи за Погба

Реал Мадрид во текот на летото ќе направи голема реконструкција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу фудбалери ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот Зинедин Зидан доби 500 милиони евра за да доведе засилувања, кои би го вратиле Реал Мадрид во самиот врв по очајната сезона. Белгиската ѕвезда, Еден Азар за сега е единствениот играч кој за Реал е „готова работа“. Наскоро би требало сето тоа да стане официјално, а за неговите услуги Реал ќе мора да плати повеќе од 100 милиони евра.

Исто така, по неговиот пат ќе си оди најверојатно и Пол Погба. Французинот е желба на Зидан, па претседателот на клубот, Флорентино Перез сепак попушти и му дозволи да го доведе во клубот, покрај жестокото противење во претходниот период. Цената за Погба нема да биде мала. Англиските медиуми тврдат дека Реал ќе плати 150 милиони евра и така ќе ја наполни касата на Јунајтед.

Третото име од големите ѕвезди кое се поврзува со Реал е одличниот играч за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен. Зидан покажува голем интерес за неговото доведување, но според пишувањето на „The Times“ Зидан се откажал од него и се свртел кон Погба. Цената која лондонскиот тим ја постави не е мала. Бараа дури 130 милиони евра, што Реал беше подготвен да ги плати. Сепак, фактот дека можат да го добијат Погба за 20 милиони евра повеќе беше пресуден и Зидан се одлули за сонародникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…