Иако остануваат само уште неколку часа до затварањето на трансфер пазарот сепак Реал не се откажува од идејата да ја доведе ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во исто време ПСЖ започна преговори со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој би дошол во Париз како замена за Мбапе.
Откако беше одбиена понудата од 170 +10 милиони евра, Реал вчера испрати нова подобра понуда, но ПСЖ се уште не одговорил.
Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ се уште се надеваат дека ќе дојде позитивен сигнал од Париз и дека ќе го комплетираат трансферот на Мбапе.
Во исто време агентот Жорге Мендеш работи на трансферот на Марсијал на „Паркот на принцовите“.