Дома Трансфер зона Реал сака да го продаде Азар, но нема кој да го купи?

Реал сака да го продаде Азар, но нема кој да го купи?

Изгледа дека Еден Азар ги брои последните денови во Реал Мадрид, но прашање е во кој смер ќе оди кариерата на Белгиецот, одговор тешко е да се даде.

Азар во дресот на Челзи важеше за еден од најдобрите фудбалери во Европа и тоа Реал го искористи и го ангажираше во своите редови. Меѓутоа од неговото доаѓање во Мадрид започна и неговиот кошмар.

Повредите не му дадоа мир на Белгиецот, не можеше да го покаже својот квалитет, а кога даде некој мал знак дека може да се врати на вистинскиот пат стигна нова повреда. Докторската екипа на Реал предложи нова операција, но Перез нема трпение за проблемите на Азар кој има договор со Реал до 2024 година.

Сега прашање е кој сака да го купи Азар? Се споменуваа неколку клубови од Англија, Италија, но брзо се изгубија тие шпекулации поради неговите проблеми со повредите и формата со која играше поранешниот ас на Лил и Челзи. Одредени медиуми шпекулираа дека може да се врати во Лил, меѓутоа од францускиот клуб не огласија и немаа никаква реакција.

Тешко е да се дава прогнози за иднината на Азар, се оди толку далеку дури се зборува и за крај на кариерата. Се споменуваа МЛС, Кина, Катар, па и Австралија…Тежок период за фудбалерот кој некогаш беше помеѓу кандидатите за „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг го одбил Манчестер Јунајтед – сака да игра во Лигата на шампионите

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред себе ма тешка задача да го врати ти…