Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ова лето не донесе звучни засилувања, но се чини дека на големо се подготвува за следното лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Марка“ пишува дека прва мета на „кралскиот“ клуб ќе биде Килијан Мбапе, кој изјави дека има желба еден ден да заигра во Реал. Но, јасно е дека ПСЖ нема да го пушти така лесни и се шпекулира дека „кралевите“ мора да платат над 200 милиони евра доколку сакаат да го донесат.
Другата голема желба на Реал Мадрид е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд со цел да направат тандем на двајцата најдобри млади фудбалери во светот.
Халанд има откупна клаузула од 80 милиони евра во договорот со Борисија Дортмунд, а таа сума нема да биде проблем за „кралевите“.