Дома Топ вести Реал понуди 80 милиони за Хаверц, Леверкузен кажа НЕ

Реал понуди 80 милиони за Хаверц, Леверкузен кажа НЕ

Германскиот „Спорт“ пренесува изненадувачка вест дека Реал Мадрид се вклучил во трката за Каи Хаверц од Леверкузен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.

20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Тој минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.

„Билд“ пренесува дека „кралевите“ испратиле првична понуда од 80 милиони евра, но „фармацевтите“ ја одбиле понудата и за слободата на својот „бисер“ бараат 100 милиони евра.

Хаверц оваа сезона има 15 гола и 8 асистенции на неговото конто, а покрај Реал за него интерес покажуваат уште Баерн Минхен, Барселона, Челзи, Ливерпул и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…