Дома Фудбал Реал остана без Алаба поради тешка повреда. Анчелоти веќе планира да купи замена

Реал остана без Алаба поради тешка повреда. Анчелоти веќе планира да купи замена

Лидерот на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид би можел да доведе нов дефанзивец во текот на зимскиот преоден рок, откако дефанзивецот Давид Алаба (31) беше тешко повреден, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

„Во однос на пазарот…ќе видиме во наредните денови дали нешто може да се направи“, рече Анчелоти на прес-конференција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Реал Мадрид до крајот на сезоната ќе биде без австрискиот репрезентативец Алаба, кому му беше констатирана руптура на вкрстените лигаменти на левото колено.

Дефанзивецот го напушти теренот по половина час од натпреварот против Виљареал поради болки.

Клубот така остана со само двајца централни дефанзивци, Начо Фернандез и Антонио Рудигер, што не му е доволно за да продолжат да се натпреваруваат во првенството, купот, Суперкупот и Лигата на шампионите.

За две недели започнува зимскиот преоден рок. „Никогаш не сум имал тројца играчи да ги скинат вкрстените лигаменти за четири месеци, неверојатно“, изјави Анчелоти, кој од 1995. година раководеше со клубови во Италија, Англија, Франција, Германија и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за организација на Европското првенство

Директорот на УЕФА за Европското првенство 2032 година Микеле Ува, е убеден дека Италија н…