Дома Трансфер зона Реал не може да му парира на ПСЖ: Мбапе добива нов богат договор!?

Реал не може да му парира на ПСЖ: Мбапе добива нов богат договор!?

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе се уште не знае во кој клуб ќе игра наредната сезона.

Не е тајна дека Реал го посакува францускиот репрезентативец, но се чини дека Кралевите финансиски не можат да му парираат на актуелниот клуб на Мбапе, ПСЖ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, како што пишуваат странските медиуми, ПСЖ на Мбапе му понудил нов договор, финансиски многу подобар од оној кој може да му го понуди Реал.

Разликата е 15 милиони евра годишно, односно ПСЖ му нуди нов договор според кој годишно ќе заработува 36 милиони евра, додека Реал е спремен да му понуди 21 милион евра, исто колку што заработува моментално во францускиот клуб.

Дали Мбапе ќе ја прифати понудата на ПСЖ и заедно со Нејмар ќе станат најплатени фудбалери во овој клуб или ќе ја прифати понудата на Реал треба да дознаеме наскоро.

Да потсетиме, во 17 одиграни натпревари во Лига 1 Мбапе постигна 14 погодоци и запиша шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…