Дома Топ вести Реал најде изненадувачки наследник на Зидан

Реал најде изненадувачки наследник на Зидан

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека е на списокот за потенцијален иден тренер на Реал Мадрид, тврди „Кориере дело Спорт“.

Интересно е што веќе извесно време медиумите во Италија пишуваат дека Фонсека може да добие отказ од кормилото на Рома.

Неговиот договор со „волчицата“ истекува на лето и нема најави за негово продолжување, но доколку успее да се пласира во Лигата на шампиони автоматски ќе се продолжи за уште една година.

Иднината на Зинедин Зидан на „Сантиаго Бернабеу“ е под знак прашалник, па „кралевите“ веќе почнале да бараат негов наследник.

До сега се споменуваа неколку еминентни имиња, а Фонсека е вистинско изненадување на списокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сандерленд без Броби против Брајтон, но со верба во резервите

Брајан Броби ќе го пропушти натпреварот против Брајтон поради повреда, но тренерот Лe Брис…