Дома Топ вести Реал најде замена за Бејл и спреми 80 милиони!

Реал најде замена за Бејл и спреми 80 милиони!

0

Кога замина Кристиано Роналдо се очекуваше токму Бејл да стане лидер на Реал Мадрид, но Велшанецот повторно разочарува и оваа сезона.

Од неговото доаѓање во Мадрид, Бејл доживеа многубројни повреди и никогаш не го исполни во целост својот потенцијал, па најверојатно ја игра последната сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал Мадрид е спремен да се раздели со Бејл на крајот на сезоната, а и самиот фудбалер сака да ја промени средината.

Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ веќе пронашле замена за Велшанецот, а станува збор за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ.

Американскиот репрезентативец е мета на Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед, но „кралевите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и веќе спремиле понуда од 80 милиони евра.

Се верува дека оваа сума ќе ги задоволи апетитите на Борусија Дортмунд, а во Мадрид сметаат дека Пулишиќ ќе биде идеална замена за Бејл.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакуларни фотографии од вечното дерби во финалето на српскиот куп (ФОТО)

Вчера се одигра финалето во српскиот куп помеѓу Црвена Звезда и Партизан, а на крајот тоа …