Дома Трансфер зона Готово: Лука Јовиќ има нов клуб

Готово: Лука Јовиќ има нов клуб

Реал Мадрид му порачал на Лука Јовиќ дека слободно може да си бара нов клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Изгледаше дека Јовиќ и во текот на летото ќе го напушти Реал, но Зидан инсистираше на тоа Лука да остане и да се избори за нова шанса. Не е исклучено во јануари да биде испратен на некоја позајмица, додека на лето „кралевите“ ќе се обидат да го продадат.

Според „Марка“ Јовиќ стана неупотреблив за Зидан поради проблемите со повредата. Во текот на есента пропушти седум натпревари, четири поради коронавирусот, а три поради повреда. Поради тоа Србинот сега е трет избор за напаѓач кај „кралевите“.

Последните информации се дека е постигнат договор Јовиќ да се врати во Ајнтрахт на шестмесечна позајмица каде ќе се обиде да ја „оживее“ својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Падна договор: Лингард се сели во Вест Хем

Играчот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард е многу блиску до трансфер во Вест Хем, пренес…