Дома Трансфер зона Реал Мадрид се откажа од идната ѕвезда на светскиот фудбал

Реал Мадрид се откажа од идната ѕвезда на светскиот фудбал

0

Реал Мадрид ова лето ќе потроши огромна сума на засилувања, меѓутоа кралскиот клуб не планира да троши така едноставно.

Еден од најбараните млади играчи на денешницата сигурно е офанзивецот на Бенфика, Феликс, кој како што сега стојат работите нема да го гледаме следната сезона на Сантијаго Бернабеу.

Реномираната Марка пишува дека Реал се откажал од Феликс и нема намера да ја активира откупната клазула во износ од 120 милиони евра.

Младиот Феликс се споредува со сонародникот Кристијано Роналдо, а претходно за неговите услуги беа заинтересирани уште и Јувентус, Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед.

Инаку, Феликс го застапува Хорхе Мендес и според способноста на овој менаџер, 19-годишниот играч сигурно го очекува одличен трансфер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер испратил понуда за Видал, но на Барселона не и одговарале условите

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал и ова лето е мета на шпекулации дека ќе ја напушти Барсе…